Денеска е ден за Лигата на шампионите, но се одигра еден меч и во Лига Европа, дуелот меѓу Галатасарај и Динамо Киев заврши без победник 3-3.
Галатасарај може да жали за ова реми затоа што во два наврати имаше по два гола предност и не успеа да ги освои сите три бода.
Мечот започна како од соништата за Галата, со гол на Санчез уште во 6. минута поведоа со 1-0, а веќе во 21. минута беше 2-0 за нив откако гол постигна и Бардакчи.
Пред самиот крај на првото полувреме Ванат намали на 2-1 и го врати Динамо Киев во игра.
По осум минути игра во вториот дел, Виктор Осимен реализираше од пенал за предност на Галата од 3-1. Во тие моменти се наликуваше дека турскиот тим ќе победи, но Украинците не се откажуваа.
На сцена стапи Јармоленко кој во игра влезе во второто полувреме. Тој најпрво намали на 3-2 во 68. минута, а во 81. ги постави конечните 3-3.
💥Türk hakemlerinin olmadığı yerde galatasaray ligin sonuncu takımına domaldı.
— Saraçoğlu Sports (@SaracogluSports) January 21, 2025
Galatasaray – Dinamo Kiev #GSvDK
pic.twitter.com/kl4wXjIeKs