Возбудливо реми на Арсими и Пелистер за крај на првиот дел од сезоната во ПМФЛ

by bojan
1 минути читање

Пелистер освои само бод на тешкото гостување кај Арсими и покрај тоа што „зелено-белите“ во два наврати имаа предност од по два голови, домаќините не се предадоа и успеаја да избегнат пораз.

Во последниот натпревар од 16. коло во ПМФЛ, Арсими и Пелистер одиграа возбудливи 3-3.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Керим во 15. минута, а Ристовски зголеми на 0-2 во 33. минута.

Арсими на стартот од вториот дел намали на 1-2 преку Шефити и најави дека нема предавање, но Ристовски со свјот втор погодок во 65. минута го врати Пелистер во два позитива.

Сепак, домаќините беа подобар противник во завршницата, постигнаа два гола во две минути преку Асани и Бесагиќ за конечни 3-3 и поделба на бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×