Фудбалскиот клуб Воска Спорт ги стартува подготовките за втората полусезона во ПМФЛ.
Иако клубот кубуреше во првиот дел од сезоната, пристигна нов спонзор и ситуацијата се стабилизира, а изгледа и дека следат далеку подобри времиња. Клубот беше активен на трансфер пазарот, доведе искусни странски засилувања, а клупата му е доверена на Сафет Ислер.
Тој ја одржа прват апрозивка во Охрид, тимот означи официјален старт на подготвителниот период. Ќе се тренира во Охрид десетина дена, за потоа Воска да се пресели во Анталија за главниот дел од припремите. Од клубот најавија нови капитални засилувања во следниот период.
Воска Спорт по првата полусезона е на дното на табелата со 12 бода, па до крајот ја очекува сериозна битка за опстанок.