304
Ник Волтемаде во финишот од преодниот рок потпиша за Њукасл и досега се покажува во вистинско светло, дојде како замена за Исак и не разочара.
Но, информациите велат дека Германецот го гледа Њукасл само како привремена дестинација, како отскочна даска за следниот клуб.
Негов сон е во иднина да биде напаѓач на Баерн Минхен.
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, изјави дека Волтемаде пред да потпише за Њукасл, во повеќе наврати им кажал дека сака да игра за нив, за баварскиот клуб.
Баерн Минхен изминатото лето достави три понуди за Волтемаде, но сите три беа одбиени.
Напаѓачот се надева дека во иднина трансферот ќе се реализира и тој ќе заигра за Баерн.