74
Самиот пласман во баражот за опстанок на Волфсбург беше големо изненадување, ако се земе во предвид дека во минатиот преоден рок инвестираа околу 80 милиони евра во нови засилување.
Но, сепак баражот добро заврши за фаворитот, Волфсбург во двата натпревари победи со 1-0 и со вкупни 2-0 остана во Бундеслигата.
Клучниот момент се случи по четири минути игра во вториот дел кога Виериња постигна гол за Волфсбург.
Во финишот од мечот, Брауншвајг остана и со фудбалер помалку откако Сауер доби втор жолт картон.