Дел од англиските медиуми и од англиските фудбалски критичари реагираа негативно на назначувањето на Томас Тухел за нов селектор на Англија.
Тие сметаа дека Англичанец треба да ја води репрезентацијата, но суровата реалност за нив е дека нема англиски тренер кој е на највисоко ниво.
Многумина не се ни сеќаваат кога последен пат Англичанец освоил Премиерлига или Лига на шампиони. Па доколку Англија сака да биде конкурентна за големите пехари, јасно е дека треба да има и селектор кој е голем тренер.
Кајл Вокер им ја кажа вистината на Англичаните, не е важно дали селекторот е Англичанец, важно е да може да донесе резултати.
„Ја разбирам англиската јавност што сака англиски селектор, но според мене треба да биде оној кој ќе донесе резултати“, вели Вокер.
„Тухел се докажа во големи клубови дека може да менаџира голем играчи… во клубови како ПСЖ, потоа освои Лига на шампиони со Челси против Манчестер Сити“.