Српскиот суперлигаш
Војводина го суспендираше 22 годишниот македонски интернационалец Даниел
Аврамовски, а причината за ова, како што наведуваат од тој клуб е недисциплина.
Наводно, нашиот фудбалер
поради прекршување на клупската дисциплина добил привремена суспензија, а со
тоа во следниот период ќе тренира одвоено од првиот тим.
„Како ќе се санкционира
недисциплината ќе видиме, тоа е работа на клубот“ изјави стратегот од клупата
на Војводина, Владимир Буач во пресрет на утрешното гостување кај Бачка Паланка
во рамките на 18 коло од тамошниот фудбалски шампионат.
Аврамовски во последниот
ден од летниот преоден рок пристигна во Војводина како позајмен од словенечка
Олимпија, одигра седум натпревари на кои постигна и еден гол засега, не беше
во составот на својот тим во последниот меч, а тренерот на Војводина постојано
алудира на тоа дека Македонецот не е во целост подготвен.
Извор:
mondo.rs
Фото-вест: За време на настап на Црвена Звезда, архива