„Војната“ на гигантите продолжува, Алонсо брзо му одговори на Лапорта

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, брзо му возврати на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, по вчерашните остри критики упатени кон „кралскиот клуб“. Лапорта обвини дека во Реал e oпседнат со Барселона тврдејќи дека повторно се обидуваат „од ништо да направат нешто“.

Тој дополнително оцени дека шпанските судии историски го фаворизираат Реал Мадрид, потсетувајќи на недосудениот прекршок на Винисиус Жуниор врз голманот на Елче, по кој, според Лапорта, „за малку не му бил скршен носот“.

Алонсо денеска порача дека ваквите изјави се чист популизам насочен кон навивачката база на Барселона.

„Ние сме фокусирани на нашата игра. Најважно е победата да се избори на терен, заслужено и спортски“, дипломатски одговори Алонсо.

По 13 одиграни кола, Реал Мадрид е лидер со 32 бода, додека Барселона е втора со 31.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×