510
Името на Бенјамин Шешко повторно е во мода, бидејќи одново се најде на мета на великаните во Англија.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и РБ Лајпциг беше „војна на скаути“, бидејќи претставници на три англиски гиганти беа на „Алијанц Арената“ за да го гледаат овој млад напаѓач. Лајпциг убедливо загуби, а Шешко беше стрелец на единствениот гол за својот тим.
Според англиските медиуми, на трибините во Минхен биле скаути од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал за да го гледаат Словенецот.
Прашање е за која сума Лајпциг ќе се согласи да го продаде имајќи в предвид дека неодамна потпиша нов договор. Се споменува сума над 70 милиони евра за словенечкиот голгетер.