Пари Сен Жермен е револтиран од односот на тренерскиот штаб на француската репрезентација откако Усман Дембеле заработи повреда на квалификацискиот натпревар против Украина.
Крилниот напаѓач влезе од клупата, но за кратко време почувствува проблем и беше принуден да го напушти теренот. Во ПСЖ тврдат дека уште пред мечот предупредиле на ризикот, затоа што Дембеле веќе чувствувал замор и побарале тој да биде поштеден од настап. Сепак, Дидие Дешам и неговиот стручен штаб не ја послушале препораката.
Како резултат на тоа, Дембеле мора да ја напушти репрезентацијата за да направат дополнителни лекарски прегледи во Париз.
Французинот минатата недела блескаше во дресот на ПСЖ со два гола и асистенција против Тулуз во убедливата победа од 6-3, но тогаш беше заменет во 70-тата минута поради непријатност во задниот дел од левата бутина.