Во Звезда може да се повтори сценарио од 2019: Пристигнува нов тренер и тоа – добро познато име?!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Црвена Звезда в четврток од 18:45 часот во рамките од шестото коло во Лига Европа ќе го игра еден од најважните натпревари во шестото коло од Лига Европа.

Победа за „црвено-белите“ ќе биде од големо значење во битката за европска пролет, но пред овој натпревар се појавија информации за можна смена на клупата на гигантот од Белград.

Според информциите на „Спорт Клуб“, Владан Милојевиќ наскоро би можел да добие отказ и на негово место би можел да пристигне Дејан Станковиќ.

На овој начин би се повторила ситуацијата од 2019 година кога токму Станковиќ го замени Милојевиќ, а поранешниот фудбалер  на Интер го водеше тимот до летото 2022 година, замина по елиминацијата од Макаби Хаифа.

Во тој период Звезда со него освои три шампионски титули и два купа, а тимот стигна и до осминафиналето во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×