Во заседа среде улица во Солун навивач на ПАОК избоден со нож

by 24 фудбал
1 минути читање

Грција е потресена од нова трагедија поврзана со навивачко насилство, откако во Солун беше убиен 20 годишен навивач на ПАОК.

Според информациите од грчките медиуми, нападот се случил во четвртокот во населбата Каламарија. Сведоци тврдат дека тројца маскирани напаѓачи му поставиле заседа на младиот навивач, по што настанала кратка пресметка.

Во текот на нападот, еден од напаѓачите го прободел момчето во грб со нож, по што тој паднал на улицата. Минувачите веднаш повикале помош, а на местото на настанот пристигнале полиција и екипа на брза помош. Повредениот бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите околу два и пол часа подоцна.

Грчката полиција го истражува случајот и не ја исклучува можноста нападот да е поврзан со долгогодишните ривалства меѓу навивачките групи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×