Во вториот дел од сезоната ќе има и новитет со ВАР системот во Македонија!

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ на денешниот брифинг, најави дека од наредната сезона ќе има новитет со ВАР системот.

Имено, сите кои сметаат дека се оштетени од пролетниот дел од сезоната ќе можат да добијат детална анализа.

„Клубовите кои ќе сметаат дека ВАР погрешил и ги оштетил ќе можат да поднесат жалба. Потоа ќе добијат можност да ја прегледаат снимката и да го слушнат разговорот помеѓу судиите. Ова ќе биде ставено како предлог пред Управниот одбор на ФФМ, исто така од пролетниот дел од сезоната ќе има одлука и видеата од ВАР собата да бидат достапни“, изјави Омерагиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×