Фудбалерите на Шкендија славеа во дербито против Вардар на „Градски“ со резултат 1:2, на стартот на втората полусезона во ПМФЛ.
Натпреварот започна возбудливо и видовме шанси и на двете страни во првите десетина минути, но потоа следуваше едно тактичко надмудрување во кое двете екипи создаваа мал број шанси.
На пауза се замина со почетниот резултат. Вардар имаше голема прилика кога Омерагиќ на стартот од вториот дел ја погоди пречката со глава. Казната стигна во 54. минута кога Шала ја погоди мрежата на вардарци. Вардар до израмнување стигна во 67. Минута кога Закариќ прво не реализираше пенал, па беше прецизен од втората шанса.
Победата за Шкендија ја обезбеди засилувањето Тамба на 15-тина минути до крајот.
Поради победата на Воска Спорт против Беса (2:0), Вардар сега е последен на табелата. На останатите средби Силекс ремзираше 1:1 и го препушти врвот на Шкендија, Гостивар во финишот ја доби Струга со гол од пенал 1:0, а без голови заврши натпреварот меѓу Пелистер и Брера во Битола.
ТАБЕЛА: Шкендија (40), Силекс (38), Гостивар (38), Работнички (37), Струга (32), Шкупи (25), Пелистер (20), Брера (20), Тиквеш (15), Воска (15), Беса (13), Вардар (13)