Челси сигурно го креираше еден од најбизрните трансфери ова лето, синоќа го врати младиот Ише Самуелс Смит откако пред само пет недели го продаде на Страсбур, за потоа веднаш да го испрати на позајмица во Свонси.
Вчера беше последниот ден од летниот преоден рок во најсилните првенства во Европа, па клубовите работеа турбо.
Беа реализирани еден куп зделки, најголема беше онаа на Александер Исак во Ливерпул за рекордни 130 милиони фунти.
Во сето тоа лудило еден трансфер помина незабележан, а станува збор за преселбата на Ише Самуелс Смит.
Пред пет недели, 19 годишниот фудбалер се пресели од Челси во Страсбур (двата клуба имаат исти сопственици) во зделка вредна околу 7,5 милиони евра.
Само 33 дена подоцна, Страсбур му го продаде играчот на Челси за сума која во моментов не е позната.
Офанзивниот играч сепак нема да остане на „Стемфорд Бриџ“, тој веднаш е испратен на позајмица во Свонси.
ФОТО: chelseafc.com