Гоце Седлоски неодамна стана селектор на Македонија и во наредните месеци ќе извршува двојна функција бидејќи го води и Вардар, но во таборот на лидерот во ПМФЛ веќе ги разгледуваат опциите за негов наследник.
Планот е Седлоски да биде тренер на Вардар до лето, а потоа да се посвети само на Македонија.
„Разгледуваме и странски и домашни опции. Преговаравме со тренер кој во меѓувреме стана селектор на Словенија, и со вториот странец со кој имавме разговори исто така прифати селекторска функција. Па прашањето е отворено. Има и двајца домашни тренери кои се опција. Во наредниот период треба да го решиме тоа прашање. Планот е Седлоски да ги одработи и летните подготовки и да биде тука за првите квалификациски кола, а потоа од август да го напушти кормилото“, рече Неделковски на денешниот брифинг со новинарите во Анталија“, изјави извршниот директор Миленко Неделковски на денешниот брифинг со новинарите кој се одржа во Анталија на подготовките на Вардар.