Во УЕФА се дискутира за промени во ЛШ, екипи како Ајакс би имале бенефит

by
1 минути читање

Првиот човек на
УЕФА, Александер Чеферин објави дека постои идеја во европската куќа на
фудбалот за да се направат одредени промени во форматот на натпреварување во
Лигата на шампионите, односно во структурата на тоа натпреварување.

Словенецот
објасни дека екипите кои стигнале до последните фази од нокаут рундите во
Лигата на шампионите, поточно во полуфиналето, да го избегнат летното сценарио
за преку квалификации да изборат место во елитното европско клупско
натпреварување.

Ние би сакале да
ги заштитиме екипите како Ајакс оваа година, или Монако и Лестер претходно

рече Чеферин во интервјуто за „Тајмс“.

Ајакс играше во
полуфиналето оваа година, а сега ќе продаваат фудбалери бидејќи не знаат дали
ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите идната година, мислам дека не треба
да заштитуваме премногу клубови, бидејќи во тој случај би биле многу затворени,
но, мислам дека би можеле да заштитиме некои клубови
“ додава тој.

Една од идеите е
оние клубови кои успеале да стигнат до одредена фаза од натпреварувањето да
можат да имаат загарантирано место и следната година, меѓутоа, сево ова во
моментов е само дискусија, ќе имаме средба на 11. септември и ќе дебатираме со
лигите и клубовите“
потенцираше Словенецот кој во интервјуто категорично
негираше дека европската „Суперлига“ нема да се случи додека тој е на чело на
УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани