Јаховиќ е главен фудбалски лик на турскиот Суперлигаш
Гезтепе, за тоа говорат повеќе факти а веќе имаме можност да проследиме еден
мошне интересен видео детал од настан во Измир.
Станува збор за продажба на дрес на Македонецот за кој беа платени 1.600 евра, или во турска валута околу 7.000 лири, сево ова беше дел од хуманитарна акција а дресот беше продаден со наддавање.
Ланската сезона нашиот напаѓач со 21 погодок го
предводеше тимот од Измир во промоција во најсилниот фудбалски шампионат на
Турција, а сезонава блесна и во Суперлигата.
Македонскиот бомбардер овие денови на социјалните мрежи
изрази незадоволство од третманот кој го доби во сениорскиот состав на нашата
најдобра фудбалска репрезентација.
Јаховиќ со седум гола од исто толку и одиграни натпревари
е еден од водечките напаѓачи на листата на стрелците во турската Суперлига,
заедно со Лав, Гомис и Јилмаз.