Во трката за „екстра“ место во ЛШ се појави и Македонија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Вардар и Шкендија го обелија образот на македонскиот клупски фудбал бидејќи освен што минаа по едно европско претколо, успеаја да слават и во првите натпревари на домашен терен во вторите рунди.

Шкендија ја совлада екипата на ФЦСБ (1-0) во Лигата на шампионите, додека Вардар славеше против Лозана во квалификациите за Конференциската лига (2-1). Ова донесе бенефит за македонскиот клупски фудбал бидејќи коефициентот скокна за 0,500.

Освен тоа, интересно е дека Македонија се појави во трката за дополнително место во Лигата на шампионите. Како што е веќе познато, во новиот формат на Лигата на шампионите две најуспешни земји добиваат по едно дополнително место во елитата. Иако е јасно дека Македонија не може да остане во трката, интересно е што воопшто се појавивме на оваа табела и сме на делба на деветтото место.

Јасно е дека земјите како Белорусија, Андора, Исланд и Македонија се тука само поради тоа што претставниците на „големците“ почнуваат подоцна во натпреварувањата на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×