Враќањето во Италија каде што го носи дресот на Торино за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се покажа како одличен потег и конечно добива минутажа, но и прикажува добри настапи.
Во Лајпциг Елмас речиси и да не играше, додека во Торино веќе и постигна три погодоци, сепак не е сигурно дека и наредната сезона ќе остане во овој клуб.
Елмас во Торино пристигна на позајмица и во неговиот договор има откупна клазула од 17 милиони евра и тоа е сума која овој клуб не може да ја плати. Сепак, во Лајпциг се подготвени да преговараат.
Меѓутоа проблем за Торино е и платата на македонскиот репрезентативец. Во договорот со германскиот тим Елмас има плата од три милиони евра по сезона, а Торино истата не може да ја израмни.
Тоа значи дека ако сака Елиф да остане во Торино ќе мора да прифати намалување на платата.