22 годишниот македонски репрезентативец, Енис Барди ова
лето иако имаше повеќе понуди стигнати до негова адреса, сепак се реши да
потпише за шпанскиот прволигаш Леванте, а унгарски Ујпешт за овој трансфер доби
1.5 милион евра.
Освен Леванте, уште два клуба од Шпанија биле „загреани“ за Барди, Македонецот ги откри имињата на истите
На Леванте му оди одлично на стартот од новата сезона во
Примера, по четири одиграни кола се наоѓа на осмото место на табелата во овој шампионат
со шест освоени бода, а засега има една победа и три ремија, поточно, без
пораз.
Сепак, истовремено одлично му оди и на Барди, тој на три
одиграни натпревари постигна два гола за својот нов клуб, последниот го
реализираше во градското дерби против Валенсија, со што му донесе бод на својот
тим од овој натпревар (1-1).
Барди ја„стресе“ и Валенсија, одличен гол на Македонецот во градското дерби (ВИДЕО)
Во Шпанија на големо се пишува за нашиот фудбалер, па
така „Fichajes“ излезе
со мошне интересно видување на тема „Енис Барди“.
„Спектакуларното приземување на Барди во Шпанија“ пишува претходно
наведениот медиум во својот наслов.
„Енис Барди е на добар пат да стане една од најдобрите „бизнис
зделки“ во летниот преоден рок кој веќе истече. Младиот Македонец е вистински
пример за добро, но и не толку скапо засилување, го замени Ујпешт за Реал Мадрид
за сума од 1.5 милион евра“ додаваат од таму, а наведуваат дека не е само
одличната завршница преден план во играта на нашиот фудбалер, туку истовремено
и предводење на тимот на теренот, организација, додавања и одличен преглед во
играта на противничката половина.
Извор: fichajes.net