Составот на
Барселона е негативен на тестовите за коронавирус, потврдуваат медиумите во
Шпанија, а како резултат на оваа вест, Каталонците можат да продолжат со
тренинзи на индивидуална основа од утре.
Фудбалерите на
тимот од „Камп Ноу“ се појавија на прозивката на тренинг комплексот во текот на
вчерашниот ден, а „РАЦ1“ известува дека сите фудбалери кои биле тестирани
добиле зелено светло.
Единствен
фудбалер кој до овие моменти не е тестиран е Осман Дембеле, причина за тоа е
поради фактот што младиот Французин се уште се рехабилитира од повредата која
го оддалечи од терените подолг рок, тој допрва треба да ги посети клупските
простории на Барселона околу тестирањето за коронавирус.