Oдложениот натпревар во Ла Лига помеѓу Барселона и Осасуна сепак нема да биде одигран во текот на репрезентативната пауза.
Иако, Ла Лига предложи тој натпревар да се одигра во четврток на 27 март пред крајот на репрезентативната пауза, предлогот го одбија двете екипи.
Барселона така ќе требаше да го игра натпреварот без Арухо и Рафиња, а Осасуна предложи средбата да се одигра на крајот од сезоната.
Во овој момент најблиску е до одлука натпреварот да се одигра помеѓу 37. и 38. коло, односно на 20 или 21 мај. Ако тоа се случи шампионот на Шпанија веројатно ќе нема да го знаеме се до последната недела во сезоната бидејќи Барселона сега држи се во свои раце.
Каталонците се лидери на табелата со 57 бодови, колку што има и Реал Мадрид, меѓутоа Барселона има подобар меѓусебен дуел. Атлетико е на 56 бодови и во недела од 21:00 часот ја дочекува Барселона и по тој дуел многу работи би можеле да бидат појасни.
Но, треба да се каже и дека не е исклучено средбата помеѓу Барселона и Осасуна да се одигра порано ако Барселона биде елминирана во Лигата на шампионите од Борусија Дортмунд и во Копа дел Реј од Атлетико Мадрид.