Од ова сезона „ВАР“ им е на располагање на судиите во Серија А, и видео технологијата веќе беше повикана на помош на стартот и тоа за пенал против Јувентус, кој судијата не го виде.
И додека има многу позитивни сигнали, Рома вечерва е бесна на судијата Ирати, „Римската Волчица“ не може да поверува како не доби пенал против Интер во вториот дел кога резултатот беше 1-0.
Шкринијар стартуваше врз Пероти, дефанзивецот на Интер го удри противничкиот играч но судијата не досуди ништо. Рома е особено гневна поради ота што Ирати не беше повикан покрај аут линијата да ги прегледа повторените снимки.
Од целата ситуација Рома доби корнер, а и тоа беше погрешна одлука бидејќи Шкринијар не ја допре топката туку стартуваше на ногата на Пероти.