Во пресрет на дербито во шкотската Премиер лига меѓу Глазгов Ренџерс и Хартс, шефот на стручниот штаб на Ренџерс, Дени Рол, најави дека до самиот почеток на натпреварот ќе остане неизвесен настапот на македонскиот напаѓач Бојан Миовски.
Миовски не беше во составот на дуелот со Хибернијан, откако заработи повреда, и во моментов работи на целосно закрепнување, по одличната форма во која постигна три погодоци на двата претходни натпревари.
„Бојан Миовски сè уште е под знак прашалник, но имаме нешто помалку од 48 часа, па ќе видиме како ќе биде. Ни следи тежок натпревар. Сè е во игра. Мечеви како овој се причината зошто играме фудбал. Знаеме дека можеме да направиме следен чекор, но истовремено, знаеме и дека што и да се случи, никој нема да освои титула викендов“, изјави Рол.
Дербито меѓу Хартс, кој моментално се наоѓа на врвот на табелата, и Глазгов Ренџерс е закажано за недела 14:30 часот.
На табелата Хартс е лидер со 38 бода, додека Ренџерс е трет со 32, меѓу нив Селтик со 29