207
Реал Мадрид и годинава нема да испрати претставници на доделувањето на Златната топка. „Кралевите“ остануваат лути поради минатогодишната одлука наградата да не му припадне на Винисиус, туку на Родри, па повторно ќе го бојкотираат настанот во Париз.
Иако клубот има дури седуммина номинирани за различни признанија, отсуството од церемонијата значи дека ниту еден од нив нема да ја освои наградата.
За Златната топка во машка конкуренција се номинирани Мбапе, Белингам и Винисиус, а меѓу фаворитите за признанието оваа година се Осман Дембеле и Ламин Јамал.