Реал Мадрид не го памети поразот од Селта со 0-2 поради резултатот, туку по хаосот со исклучувања и пријави во записникот кои донесоа сериозни последици. Тимот ќе влезе во следниот меч со Алавес со значително ослабен состав.
Фран Гарсија ќе паузира поради двата брзи жолти картони поради кои беше исклучен. Алваро Карерас доби уште построга реакција бидејќи судијата запиша дека му рекол: „Ти си ужасен“ и му покажа црвен, а тоа веројатно ќе значи суспензија од два натпревари. Два меча ќе пропушти и Ендрик. Тој не играше, но стана од клупата и тргна кон судиите, па заработи директен црвен картон.
Карвахал не беше исклучен, но ќе плати поради тоа што му се обрати на арбитерот со зборовите: „Нивото на кое работиш е лошо, а потоа ќе плачеш на прес-конференција“. Казната ќе биде финансиска, а не дисциплинска, бидејќи играчот е повреден.
Алонсо ќе има сериозни проблеми со ротацијата во период кога Реал мора да остане во чекор со конкурентите.