Во Реал се чудат: Како Винисиус може да ја бара платата на Мбапе после разочарувачка сезона?

by bojan
1 минути читање
Мбапе, Винисиус, Реал Мадрид

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид подолго време се во преговори за продолжување на соработката, но настанал конфликт откако Бразилецот побарал да има иста плата како онаа на Килијан Мбапе.

Трансферот на Килијан Мбапе донесе доста проблеми во соблекувалната на Реал Мадрид, прв кој го крена гласот беше Родриго, напаѓачот за брзо време се најде во втор план и во сенка на Французинот, Винисиус Жуниор и Џуд Белингем.

Но „кралевите“ сега имаат поинаков проблем, преговорите со Винисиус Жуниор за продолжување на соработката влегоа во ќор сокак.

Конфликтот настана откако Бразилецот побарал да има иста плата како онаа на Килијан Мбапе.

Како што пренесува Кадена Сер, раководството на Реал Мадрид е изненадено од ова барање, и се чудат како напаѓачот поставува вакви услови кога имал разочарувачка сезона.

Винисиус Жуниор сезоната 24/25 ја заврши со 11 погодоци во Ла Лига, односно 22 во сите натпреварувања (на 58 натпревари), а придодаде и 19 асистенции. Бројките не се толку лоши, но во Реал Мадрид очекуваат многу повеќе од играч кој се стреми да биде најдобар во светот и минатата година беше на дофат до престижната „Златна топка“.

Само за споредба, Килијан Мбапе во Ла Лига постигна 31 погодок, односно 44 во сите натпреварувања (на 59 натпревари).

„Кралевите“ ќе остават Вини оваа сезона да покаже дека заслужува значително покачување на платата, но уште еднаш му порачале дека во никој случај нема да има иста или пак повисока плата од Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×