Според пишувањата на АС и Марка, лекарскиот тим на Реал Мадрид одлучил дека Килијан Мбапе нема да прави операција на носот, ќе биде извршена нова контрола кога напаѓачот ќе се врати на тренинг.
„Кралевите“ вчера на спектакуларен начин, со 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“ го промовираа Килијан Мбапе како ново засилување.
Фудбалерот веднаш замина на одмор, да се релаксира по долгата и напорна сезона, но пред да го напушти Мадрид, била донесена важна одлука.
Килијан Мбапе заработи фрактура на носот на Европското првенство, се говореше за можноста да оди „под нож“, па лекарскиот тим на Реал направил нови тестови и пресекол дека во моментов нема потреба за оперативен зафат.
Ќе биде извршена нова контрола кога напаѓачот ќе се врати на тренинг (7. август), по што ќе се одлучи како ќе се продолжи понатаму, и дали Килијан Мбапе ќе има потреба да игра со маска на лицето.
Првиот официјален натпревар на Реал Мадрид е пресметката со Аталанта во Суперкупот на Европа, мечот е закажан на 14. август, па Карло Анчелоти ќе треба да одлучи дали Французинот ќе настапи со само седум дена тренинг.