Во Реал Мадрид биле изненадени од дијагнозата на Франција, Бензема може да настапи во Катар?!

by
1 минути читање

Пред девет дена,
Карим Бензема се повреди на тренинг со Франција и беше соопштено дека тој нема
да настапи на мундијалот во Катар.

Но новинарот
Карлос Родригез, кој е добро упатен во случувањата во Реал Мадрид, денеска
објави дека „кралевите“ се враќаат на тренинзи на 1. декември и Карим Бензема
ќе се пријави на должност.

Потоа почнаа да
се појавуваат слични информации, а новинарот Марио Кортегана објави дека во
Реал Мадрид биле изненадени од дијагноста на лекарите на Франција, и повредата
не е толку сериозна како што била презентирана во прв момент.

Потоа почнаа да
кружат гласини за можно враќање на Карим Бензема во Катар и настап на Светското
првенство.

Напаѓачот не беше
тргнат од составот на Франција, Дидје Дешам не повика замена за Карим Бензема.

Останува да се
види што ќе се случи во следните денови, прашање е со каков интензитет ќе
тренира Карим Бензема доколку се врати на тренинзите на Реал Мадрид, а и не е
исто да се тренира и да се биде подготвен за 90 минути на Светско првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани