106
Утре во рамките на седмото коло од англиската Премиерлига
бранителот на титулата во овој фудбалски шампионат на домашен терен го
пречекува моментално лидерот на табелата, Манчестер Сити.
Во пресрет на утрешното големо дерби, навивачите на Челси
смислија песна за двајца фудбалери на нивниот омилен тим, Французите Тимуе
Бакајоко и Н’Голо
Канте, кои функционираат одлично во тимот на Антонио Конте.
Во превод: „А е ја… Тимуе Бакајоко, а е ја, заедно со Н’Голо… А е ја, тие
никогаш не ја даваат топката на противниците… Еден, два, три…“.