Во Премиер лигата сезонава 119 фудбалери имале иста повреда

by Стефан
1 минути читање

Во последниот период впечаток е дека се повеќе фудбалери се соочуваат со повреди, а доказ за тоа се и бројките кои ни пристигнуваат од англиската Премиер лига.

Помеѓу повредите посебно се издвојува онаа на задната ложа која по статистиката е најголема причина за отсуството на фудбалерите. Минатата сезона со ваква повреда во Премиер лигата се соочија 163 фудбалери.

Кога е актуелната сезона во прашање вчера го добивме 119-тиот фудбалер кој ја повреди задната ложа. Станува збор за стоперот на Арсенал Габриел Магахалес кој се повреди против Фулам.

Првичите прогнози не се добри за Арсенал бидејќи се најаувва негово отсуство до крајот на сезоната.

Во просек сезонава секој фудбалер имал четворица фудбалери со ваква поврреда што секако е голем број.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани