„Во перфектен свет, агентите не зборуваат“ – Анечелоти со лекција за агентот на Левандовски

by
2 минути читање

Маик Бартел ја
разбранува фудбалската јавност кога во разговор со Кикер истакна дека неговиот
клиент е разочаран поради тоа што соиграчите од Баерн не му помогнале доволно
за да стане прв стрелец во Бундеслигата.

Потоа се
појавија и стории за трансфер на Роберт Левандовски во Премиерлигата, извештаите
велеа дека Челси и Манчестер јунајтед веќе разговарале со Полјакот.

Но Баерн Минхен веднаш порача дека напаѓачот не е на продажба, а сега и Карло Анчелоти му одржа
лекција на агентот.

„Левандовски мене
никогаш не ми се пожалил
– вели Италијанецот на стартот од подготовките за новата сезона.

„Бев задоволен од
она што го прикажа Левандовски а и тој беше задоволен од нас
.

„Како и секогаш,
има агенти кои зборуваат премногу. Не знам зошто тоа е така
.

„Не е прв пат
агент да искористи некој весник за да каже нешто погрешно
.

„Во перфектен
свет, агентите не зборуваат!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани