Во него гледаа стопер за иднината, но Алонсо за кратко го „прецрта“!

by 24 фудбал
1 минути читање

Раул Асенсио е сè поблиску до заминување од Реал Мадрид, иако до пред неколку месеци ситуацијата беше целосно спротивна и потпиша нов долгорочен договор со откупна клаузула од една милијарда евра.

Младиот стопер доби шанса во првиот тим по повредите на Алаба и Милитао и успеа да го привлече вниманието на Карло Анчелоти. Италијанецот јавно го пофали, му даде значајна улога и го награди со нов договор до 2031 година. Но, работите драстично се сменија. Асенсио имаше неколку слаби партии во вториот дел од сезоната, а на Светското клупско првенство доживеа пад на формата, направи серија грешки, доби и црвен картон. Оттогаш е на маргините, а неговата улога стана речиси симболична.

Новиот тренер на „кралевите“, Чаби Алонсо, му соопштил дека не смета на него во иднина. Системот со тројца дефанзивци не му одговара на 21-годишниот фудбалер, кој не се вклопува во замислите на младиот стратег.

Ситуацијата дополнително се комплицира поради интересот на Реал за Ибрахима Конате од Ливерпул. Доколку Французинот пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, шансите на Асенсио ќе се сведат на минимум.

Иднината на младиот дефанзивец е под сериозен знак прашалник. Реал размислува за позајмица, но не е исклучена ниту целосна продажба доколку пристигне добра понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×