72
Веќе неколку недели фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Френк Кесие се поврзува со трансфер во Милан кој веројатно ќе биде комплетиран денеска.
Неколку клубови беа заинтересирани за Кесие, но Милан ја добива трката и за играчот ќе плати околу 28 милиони евра.
Италијанските медиуми пишуваат дека тој денеска треба да ги помине медицинските тестови по што ќе стави поптпис на договор.
Претходно Матео Мусакио ги помина медицинските тестови иако се уште официјално не ставил потпис, тој се смета за играч на Милан, па Кесие ќе биде второто засилување во новата ера на клубот.