Стефано Пиоли е под договор со „росонерите“ до 2021 година но големи се шансите тој да не ја преживее оваа сезона. Газета дело Спорт вели дека стратегот ќе ја задржи работата само доколу обезбеди пласман во Лига на шампиони, или евентуално донесе титула во Купот на Италија.
Што се однесува до новиот тренер, на Сан Сиро има поделеност. Фондот Елиот, кој е сопственик на Милан, преферира пристигнување на Ралф Рангник. Паоло Малдини пак го сака Андриј Шевченко а Звонимир Бобан предлага враќање на Масимо Алегри.
Како опција се посочува и Марселино, наводно поранешниот предводник на Валенсија бил на состанок со Малдини и Бобан, но неговиот агент брзо ги демантираше ваквите стории.
„Марселино сака следната сезона да биде тренер на голем клуб и Милан е еден од најголемите во Европа. Но гласините кои велат дека тој ќе биде нов тренер на „росонерите“ не се точни. Можам да потврдам дека Марселино се нема сретнато со Паоло Малдини, ниту пак добил понуда“ – вели агентот Еухенио Ботас.