Во Милан донеле одлука за Модриќ – веќе знаат што сакаат

by Стефан
1 минути читање

Иако веќе чекори во петтата деценија од животот, Лука Модриќ игра како да е во најдобрите години. Хрватскиот маестро сезонава е меѓу клучните алки во тимот на Милан и продолжи да ја покажува својата класа.

Освојувачот на „Златната топка“ од 2018 година минатото лето стави крај на својата ера во Реал Мадрид и го облече дресот на „росонерите“, потег кој се покажа како полн погодок за италијанските гигант.

Италијанските медиуми пишуваат дека раководството на клубот е презадоволно од неговото влијание на теренот и во соблекувалната, па веќе му понудило нов договор на уште една сезона. Актуелната соработка истекува на крајот од оваа сезона, но желбата е таа да продолжи.

Во досегашниот дел од сезоната, искусниот играч од средниот ред запиша 26 настапи за Милан, постигна два гола и додаде три асистенции, меѓутоа и самото влијание на Модриќ врз играта на Милан е големо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×