Во меч со шест гола, Милан го победи Ливерпул! (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Милан со 4-2 го победи Ливерпул во пријателски натпревар кој се одигра во Хонгконг.

Резултатот беше отворен во 10. минута кога мега засилувањето на Ливерпул, Флоријан Вирц загуби една топка пред шеснаесетникот на Милан. Пулишиќ додаде до Леао кој истрча контра и даде гол за водство на Милан од 1-0.

Во 26. минута Собослаи го изедначи резултатот на 1-1 постигнувајќи прекрасен гол. Со реми се замина на полувремето.

По седум минути игра во вториот дел Лео ја имаше улогата на асистент, додаде до Лофтус Чик кој погоди за водство на Милан од 2-1.

Само осум минути подоцна веќе беше 3-1. По асистенција од Салемакерс, Окафор даде убав гол.

Времето минуваше, се чинеше дека со овој резултат ќе заврши натпреварот. Но во судиското продолжение беа постигнати уште два погодоци.

Во 93. минута Коди Гакпо со глава намали на 3-2, а веднаш потоа Окафор со својот втор гол на мечот ги постави конечните 4-2 за росонерите по една катастрофална грешка на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×