Во Манчестер јунајтед си ја признале грешката, сега сакаат да го вратат Де Хеа!

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед го пушти Де Хеа да замине како слободен од Олд Трафорд, а платија голема сума на пари за на негово место да го донесат Андре Онана.

Шпанскиот голман направи една година пауза од фудбалот, па потпиша за Фиорентина каде брани во фантастична форма.

За разлика од него, Онана покажа голема несигурност, често прави киксови кои го чинат Јунајтед примени голови.

Наводно, сега во Јунајтед си ја увиделе грешката и се подготвени да го вратат Давид Де Хеа на Олд Трафорд наредното лето.

Неговиот договор со Фиорентина е на една година, па би можел како слободен играч да се врати во Манчестер јунајтед.

Нејасно е само дали Шпанецот би го направил тоа откако Јунајтед покажа недоверба во него и го замени со Онана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани