„Во Манчестер никогаш не ми се случило тоа“ – Роналдо уште еднаш се пожали за свирежите на Бернабеу

by
1 минути читање

Навивачите на „Кралевите“ имаат високи стандарди па оваа сезона од трибините на Сантијаго Бернабеу често се слушаа свирежи на адреса на првиот играч, Кристијано Роналдо.

Португалецот неколку пати истакна дека ова не му се допаѓа, а и сега изрази незадоволство.

„Имам големо трпение“ – вели ЦР7. „Но свирежите не ми се допаѓаат, тоа не е нормално“.

„Не ми се допаѓа тоа што ме свират на сопствениот стадион, секогаш давам 100%“.

„Во Манчестер никогаш ми се нема случено тоа“.

„Менталитетот е многу поразличен. Задоволен сум од живтот во Шпанија, уживам во престојот тука, но ми недостасува Манчестер, град кој ми остана во спомени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани