126
Барселона со 2-0
ја совлада Малага но средбата почна со еден голем судиски превид.
Кога во 2. минута
Дињ ја упати топката во петерецот на Малага, таа веќе ја имаше поминато гол-аут
линијата.
Судиите сепак
останаа неми, а Деулофеу погоди за водство од 1-0.
„Тие можат да кажуваат колку сакаат дека топката не ја поминала линијата, но ова е апсурдно, па топката беше поливина метро зад линијата” – вели Луис Ернандез.
„Уште еднаш
погрешна судиска одлука ни ги искомпликува работите. Последни сме на табелата,
знаеме дека играме лошо, но на шест од девет натпревари противникот прв дава
гол поради судиска грешка”.
„Вакво нешто ни
се случи и против Валенсија, Џирона, Еибар… веќе сме уморени”.