Во Македонија во минатото имало 30.000 лажни фудбалери!

by Стефан
1 минути читање

На денешното годишно собрание на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ откри и неверојатни бројки кога во прашање се регистрацијата на фудбалерите.

Имено, до последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција, а по истата тој број бил намален на 14.210 со што се доаѓа до ситуација дека сме имале дури трипати поголема бројка на фудбалери од она што е реално.

„Целата ситуација со тие бројки покажуваа дека ние сме имале фиктивни клубови, фиктивни судии…еден имагинарен фудбал. И тоа се бројки само во машкиот фудбал, во тек е новата регистрација во женскиот фудбал, ќе видиме таму какви ќе бидат бројките.

Омерагиќ истакна и дека дочекал една навистина лоша ситуација во федерацијата.

„Имаше многу проблеми во федерацијата, нарушени односи…тоа не беше нешто што треба да биде една федерација. Но, јас не сакам да се навраќам, тоа што било, било одиме напред“, изјави првиот човек на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×