Кристијано
Роналдо и Лео Меси се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, но тие повеќе
не играат еден крај друг откако ЦР7 минатата година го напушти Реал Мадрид и се
пресели во Јувентус.
Аргентинецот во
неколку наврати призна дека му недостасува Кристијано Роналдо во Шпанија,
бидејќи спектаклот секогаш бил поголем со Португалецот на терен.
Во разговор со
Франс Фудбал, Кристијано Роналдо признава дека ривалството со Лео Меси било
здраво и придонело двајцата да се издигнат на нивото на кое се сега.
„Многу луѓе велат дека сме се хранеле еден со друг. Тоа што сме играле еден
крај друг во Шпанија ни помогнало да бидеме подобри, да прикажуваме подобри
партии, и мислам дека тоа е точно. Во Мадрид, посилно го почувствува
присуството на Меси, па бев под поголем притисок во споредба со Манчестер
јунајтед. Нашето ривалство беше здраво, бевме симобли на два клуба, Мадрид и
Барса“ – вели Кристијано Роналдо.
Тој исто така
открива дека најмногу го мотивираат мечевите со Португалија и оние од Лигата на
шампионите.
„Ако зависи само од мене, би ги играл само големите натпревари, односно
мечевите со Португалија и оние од Лигата на шампионите. Овие дуели ме
мотивираат, влогот тука е голем, тие се тешки за игра, притисокот е огромен.
Сепак, морате да бидете професионалец и да го испочитувате вашето семејство и
клубот чиј бои ги носите и кој ве плаќа. Секој ден морате да го давате
максимумот“.