Бразилецот Ендик одлучи да го напушти Реал Мадрид каде што дојде со големи очекувања, а за нова дестинација го избра француски Лион и очигледно не погреши.
Во својот прв месец во новиот клуб, Ендрик е избран за играч на месецот и тоа сосема заслужено.
Зад себе има четири натпревари во кои вкупно учествуваше во пет гола, четири постигна и за еден асистираше. Исто така доби и две признанија за играч на мечот.
На еден од натпреварите Ендрик постигна и хет-трик со што стана најмладиот Бразилец кој постигнал хет-трик во некоја од најсилните пет лиги.
Неговата одлична форма сигурно ги радува и во Мадрид затоа што во Лион настапува како позајмен фудбалер без право на откуп од страна на франсускиот клуб.