Во Ливерпул подготвени за нов, долгогодишен договор за Ван Дајк вреден 50 милиони фунти

by
1 минути читање

На Островот
наведуваат дека во Ливерпул веќе се подготвени да го задржат столбот во
одбраната, Вирџил Ван Дајк на подолг рок, односно во периодот кој претстои ќе
му понудат нов договор на Холанѓанецот со вкупна вредност од 50 милиони фунти.

„Фудбал Инсајдер
Репорт“ посочува дека Ван Дајк, кој во 2018. година потпиша петгодишен договор
со европскиот првак по трансферот од 
Саутемптон, ќе му биде понуден пет годишен договор со подобри услови во
однос на сегашниот.

Неговата
моментална плата на неделна основа изнесува 125,000 фунти, а ќе се искачи на
150,000 фунти, а се верува дека ова сценарио е приоритет за раководството на
клубот со оглед на огромниот импакт на Холанѓанецот од неговото пристигнување
на „Енфилд“ од пред две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×