Ерик Тен Хаг не издржа долго и по само две кола во Бундеслигата доби отказ од Баер Леверкузен. Иако официјално разделбата беше објавена по ремито со Вердер (3-3), од Германија пристигнуваат информации дека одлуката била донесена уште пред тој натпревар.
Леверкузен имаше предност од 3-1 и фудбалер повеќе против Вердер, но дозволи противникот да се врати во игра и да извлече бод. Веднаш следниот ден клубот соопшти дека Холанѓанецот заминува.
Сепак, наводно проблемите започнале порано.. Последните информации говорат дека Тен Хаг не бил запознаен со трансферот на Лукас Васкез од Реал Мадрид и за неговото доаѓање дознал од медиумите, иако зделката беше официјализирана неколку дена пред мечот со Вердер.
Ваквите информации се доказ дека во Леверкузен владеела лоша атмосфера уште во текот на припремите кога тимот исто така немаше добри резултати.