Од информациите до кои стигнале шпанските медиуми, на состанокот Тебас им рекол на клубовите дека треба да се подготват за тежок период.
Преостанатиот дел од оваа сезона сигурно ќе се игра без публика, а големи се шансите дека до почетокот на 2021 стадионите ќе бидат празни. Тоа значи дека клубовите нема да можат да ги инкасираат средствата од продажба на билети кои воопшто не се мали.
Тој им предложил да заборават на големи трансфери во овој период и да се насочат повеќе кон младинските школи или пак да користат позајмици.
Минусот од кризата ќе биде голем, па клубовите треба да си направат стратегии како ќе го поминат овој период со значително помали приходи.
На состанокот се дискутирало и за продолжувањето на оваа сезона, се уште нема точен датум, тој ќе зависи и од мерките на властите во Шпанија, но сигурно е дека сите фудбалери ќе бидат тестирани пред да почнат со играње.