11
Во Ла Лига попладнево беше виден вистински спектакл, откако Алавес направи неверојатен пресврт и ја совлада Селта со 4-3, иако во еден момент имаше негатива од три гола.
Селта доминираше во првото полувреме и уште до 37. минута изгради убедлива предност од 3-0, со два погодоци на Џутгла и еден на Алварез. Сепак, домаќините не се предадоа и преку Мартинез од пенал во завршницата на првиот дел намалија на 3-1, резултат со кој се замина на пауза.
Во продолжението следуваше комплетен пресврт. Перез намали на 3-2, потоа Мартинез со својот втор гол донесе израмнување, а само неколку минути подоцна Ребач го комплетираше сензационалниот камбек за конечни 4-3.
Standings provided by Sofascore