Во Кристал Палас се чудат како ова лето никој не доставил понуда за Езе

by bojan
1 минути читање
Езе

Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш вели дека се чуди како ниту еден клуб изминатово лето не загризал посериозно за Еберечи Езе.

И покрај тоа што се мачеше со повредите, Еберече Езе имаше солидна сезона 2023/24 со 11 погодоци и 6 асистенции на 31 натпревар за Кристал Палас.

За добрите партии беше награден од Герет Саутгејт со место во составот на Англија за Европското првенство.

Кристал Палас изминатово лето стравуваше дека ќе остане без Англичанецот поради неговата откупна клаузула од 60 милиони фунти, но ниту еден клуб посериозно не загриза и главниот фокус беше врз Мајкл Олисе (се пресели во Баерн за 50+ милиони), Јоаким Андерсен (се пресели во Фулам за 30+ милиони) и Марк Геи, кој беше блиску до преселба во Њукасл за рекордни 70 милиони фунти.

„Бев прилично загрижен дека летово ќе останеме без Олисе и Езе. Но немаше интерес за Езе, односно немаше интерес каков што очекував. И ова навистина ме чуди, искрено бев малку шокиран“ – вели претседателот на Кристал Палас, Стив Периш.

„Видите, момчето е извонреден играч и извонредна личност. Тој ќе биде дар за било кој клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани