Ден по елиминацијата во баражот за пласман на Светско првенство, дел од навивачите на Косово распукаа по својот капитен и главна ѕвезда на тимот, Ведад Муриќи.
Еден навивачи во телефонски разговор на телевизијата „Калан Косово“, го обвини Муриќи дека го продал натпреварот. Тој вели дека напаѓачот е полу-Турчин и бил во добар однос со Турците.
„Главниот виновник за поразот е Ведат Муриќи, капитенот и полу-Турчин. Ден пред натпреварот ги пратев турските медиуми. Ведат Муриќи на Турците им ги даде сите информации и целата тактика како ќе се игра. Пред излегувањето на терен разговараше со сите турски играчи и се гушкаше. Не се сомневам дека го продал натпреварот и заработил пари“, зборувал навивачот и додал:
„Минатата година летував во Улцињ и го видов Муриќи во хотел со целото негово семејство, сите 11 членови. Верувајте ми, го среќавав секој ден и ви се колнам дека ниту секунда не проговори збор на албански. Цело време зборуваа на турски. Немаше желба за победа. Ако ги анализирате неговите потези, тој едноставно не играше. Оние крокодилски солзи на крајот беа само претстава. Ведат Муриќи е главниот, како капитен требаше да го мотивира цел тим, а тој направи спротивно“.
На ваквите обвинувања стигна брз и жесток одговор од Муриќи.
„Срам да ти е! Полу-Турчин кој зборува турски, како многумина родени во Призрен, но кој е поголем патриот и се чувствува како поголем Косовар од тебе. Да помислиш дека репрезентативец би продал одлучувачки натпревар за својата земја само затоа што е роден во Призрен и зборува турски – мора да имаш психолошки проблеми или да бидеш без крв, чувства и почин кон играч кој даде се за репрезентацијата на Косово. Лично, никогаш нема да ти простам за целата болка и се низ што поминав од првиот ден до вчера за фудбалот на оваа земја и репрезентација. Проклет да си!“, напиша Муриќи на социјалните мрежи.
Ведат Муриќи има 31 година, тој е напаѓач на Мајорка и најдобар стрелец на репрезентацијата на Косово на сите времиња со 32 гола на 68 натпревари. Роден е во Призрен и има и турско државјанство од 2015 година. Помина шест години во турскиот фудбал пред да премине од Фенербахче во Лацио во 2020 година, а две години подоцна се пресели во Мајорка.